Трајко Вељановски како претседавач на конститутивната седница не можеше да им го ограничи правото на пријавените пратеници да излезат на говорница, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во своето сведочење за настаните од „27 април“.

Спикерот не одговори директно дали знае за допис од 31 пратеник од тогашната опозиција седницата од 27 април 2017 година да продолжи следниот ден и оти претседавачот Вељаноски затоа ја прекинал седницата за тој ден во 18 часот.

Обвинителката Рускоска преходно се противеше ова прашање да биде поставено.

Лично сознание немам. Можно да е пратено до службите, но јас не знам бидејќи повремено доаѓав во Собранието поради смртен случај во семејството, одговори Џафери.

Според Џафери никогаш немало пракса да се прекине една точка и да се прејде на друга без да се исцрпат сите пријавени.

Не се случило и не било побарано, кратко одговори Џафери.

Тој потврди и дека тогаш немало можност претседавачот да го исклучи микрофонот на пријавениот пратеник на говорница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.