Откако осумтемина независни пратеници  од ВМРО ДПМНЕ побараа в понеделник да дојде лекарски тим и сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства на инсистирање на новинарите се огласи и Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Оттаму велат дека претседателот нема да коментира изјави на пратенички групи.

Во моментот кога ќе пристигне конкретна иницијатива претседателот ќе ја разгледа, ќе се произнесе и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедува Уставот, Деловникот и Законот за пратеници-велат од Кабинетот на Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.