Се огласи Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за случајот со пратеникот Павле Богоевски. Оттаму велат дека ќе се водат според Уставот и Деловникот но оти во овој момент нема основ за било каква постапка.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност.
Во овој момент нема основ за каква било постапка.
ПСРСМ очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот-велат од неговиот Кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.