Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека е важно да се поддржи постоењето на Специјалното јавно обвинителство, но, оти надлежните органи треба да го истражат случајот со Катица Јанева, пренесува Гласот на Америка на македонски.

-Јас сум еден од потписниците на постоечкиот Закон за специјалното обвинителство, и во тој контекст, како пратеник и сега како претседател на Собранието, немам дилема во однос на потребата од поддршка на такво законско решение. Веста ја добивме откако стигнавме во Вашингтон. Како парламентарец и претседател на Собранието, понатаму не би коментирал во однос на случувањата, бидејќи тоа е надлежност на соодветните институции, кои треба крајно професионално и принципелно да излезат со соодветно соопштение по сите наоди, и со тоа да ја информираат и јавноста и нас како институции. Сметам дека институциите треба да си ја вршат нивната работа онака како што налагаат прописите во државата, рече Џафери за Гласот на Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.