Џафери им се налути на пратениците, пред да објави пауза од еден час кажа дека не е коректно вчера да се бара да се работи по 20 часот, а денеска кога завршува дискусијата по предлог законот во 21 часот пратениците ги нема.

Видете која е иронијата почитувани колеги Фејсбук мекери, денеска 21:20 завршува дискусијата по предлог законот и кај сте? Ама може да ми се прати порака по која динамика да работам. По пауза од еден час продолжуваме со новата седница. Продолжуваме со 4 предлог закони на која и разрешувањето на Министерката за Труд и социјала и по редовна постапка законот за лични карти, кажа Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.