Спикерот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември.

Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам” , изјавил Џафери за Сител.

Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството на СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.