Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не е вистинскиот момент за промена на изборниот модел. Според него, тоа не треба да се прави на неколку пред изборите.

Мислам дека тоа не треба да се прави без општ консензус и да се влезе на неколку месеци пред крајот на работата на Собранието – нагласува Спикерот.

Но, предлогот на 15-те пратеници за измена на моделот најверојатно ќе биде ставен на седница на 11 декември. Каков ќе биде исходот и дали ќе има поддршка од пратениците Џафери не сака да шпекулира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.