Претседателот на Собранието, Талат Џафери во честитката упатена по повод Денот на Републиката, укажува дека не можел да се обрати од Мечкин Камен, но сака да им порача на сите граѓани дека Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности.

Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот“, пишува Џафери во честитката.

Во честитката тој посакува преку почитување на мерките, со разумно и добро однесување, да биде надминат и предизвикот ковид-19 за секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.