Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинари изјави дека сѐ додека не се распишат изборите можно е да бидат одложени. Џафери потенцира дека теоретски постои таква можност, со оглед на тоа што предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на парламентот.

Тоа во случајов би значело околу 10 февруари, така што изборите веројатно би биле распишани веќе следниот ден од распуштањето на законодавниот дом. Од тој момент почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.

Претседателот на Собранието планира на 3 јануари – 100 дена пред изборите да закаже седница за избор на технички премиер и на нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но истакна дека терминот кога ќе се одржи оваа седница зависи од тоа кога премиерот во заминување би поднел оставка и кога би биле доставени предлозите за нови премиер и двајца министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.