Собранието ги демантира тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека собранискиот спикер Талат Џафери во јули минтата година тајно се сретнал со делегација од Чеченија во просториите на Парламентот во Скопје.

Во демантот е наведено: „Антонио Милошоски лаже!“

„На денот кој се наведува во информациите на порталите 8 јули претседателот Џафери имаше средба со делегација од Еврпскиот муслимански форум Абдул-Вакхед Нијазов, претседател на Европскиот муслимански форум (Брисел, Белгија / Москва Русија; на средбата присуствуваа и Ромас Јакубаускас , муфтијата на Литванија, Член на одборот на Европскиот муслимански форум, (Вилнус, Литванија); д-р Надер Акад, имам на Исламскиот центар во Трст, Ко-претседател на Меѓународниот Мариан на муслиманска христијанска комисија во Меѓународната папска академија, член на Одборот на Европскиот муслимански форум (Рим, Италија); Јусеф Мурат Муфтија на Романија, советник на Европскиот муслимански форум (Констанца, Романија); Наим Елгандур, Претседател на Муслиманското здружение на Грција (Атина, Грција); Мустафа Избиштали , Муфтија на Софија (Софија, Бугарија); Ферди Асани Советник на Европскиот муслимански форум Скопје (Македонија).

Врска од средбата: https://www.sobranie.mk/2020-2024-aktivnosti-ns_article-sredba-na-pretsedatelot-dzaferi-so-pretstavnicite-na-evropskiot-muslimanski-forum.nspx. Содржината на разговорот на мултилатерално ниво, како и секогаш е објавена во веста на интернет страницата на Собранието. Пред одржување на средбата, според вообичаената пракса Собранието доби и позитивно мислење од МНР на Република Македонија за одржување на средбата и информација дека делегацијата е примена од страна на Претседателот на Собранието на Србија, а во 2018 година од страна на претседателот Иванов“, наведено е во соопштението.

Во време кога Европа и светот одржуваат конференции за борба против лажни вести и дезаинформации, додаваат оттаму, пратеник се впушта во лиферување на вест која апсолутно е неточна и има за цел да нанесе штета не само на претседателот Џафери, туку и на Собранието и на државата.

Уште попоразително е што околу 20 портали, па дури и интернет страници на национални телевизии ја презедоа веста, без да го контактираат Кабинетот или во најмала рака да ја проверат веста на собраниската интернет страница, соопшти Собранието.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.