Половина час претседателот на Собранието, Талат Џафери ги чекаше пратениците од опозицијата да се вратат во пленарната сала за да продолжи утврдувањето на дневниот ред по 126. седница на која се ставени 124 точки.

Пратениците кои многу се повикуваат на хуманизам и организација на работа да влезат во салата. Ќе ги чекам до 18 часот, рече Џафери пред 30 минути, но се предомисли па информира дека Парламентот ќе продолжи со работа и по 18 часот.

Џафери инсистираше на преносот од седницата во живо да оди цело време сликата со полупразната сала, за, како што рече, граѓаните да видат што се случува.

Собранието повеќе од четири часа не може да го усвои дневниот ред на седницата. Откако претседателот Џафери ги прочита предлог-законите предвидени за расправа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се јавуваа за збор со предлози за измени на дневниот ред, но ниту еден од предлозите не беше усвоен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.