Двомесечно бебе стана најмладиот жител на Битола заразен со Ковид-19.

Според податоците од Министерството за здравство, бебето се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на Ковид-19, пишува „СДК.мк“.

Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар.

Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со корона вирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста.

Според здравствената евиденција, од Ковид-19 се имаат разболено и неколку деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.