Обвинителката Вилма Русковска во интервју за емисијата Код вели дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава. Тука имала живот и семејство и не верува дека би го сторила тоа обвинителката, која еден ден по оставката, од 16 јули е официјално на боледување.

Две обвинителки од СЈО стапиле во контакт со Русковска. Таа појасни дека тие прашувале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.

Телефонот на Јанева е конфискуван заради истрагата, но се појавија информации дека таа имала и друг телефон, а Русковска вели дека додека не се утврди каде е вториот телефон не може да шпекулира за тоа.

За рекетираниот бизнисмен вели дал пари за да биде олеснета постапката против него. Боки 13 и Миле Кичеец зеле 1,5 милиони евра, засега неофицијално од бизнисменот Орце Камчев, прво зеле 500 илјади евра, стигнале до 1,5 милиони, а целта им била осум милиони евра.

Парите се дадени заради олеснување на постапката, вели Русковска за Код, додавајќи дека случајот кај неа го пријавил лично премиерот Зоран Заев.

Тој имал средба со Русковска и јавниот обвинител Љубомир Јовески меѓу двата круга од претседателските избори заради некои одлуки за екстрадиција и на крајот од состанокот им кажал дека сака да пријави кривично дело рекет.

Премиерот ми рече дека до него има доставено пријави и се одлучивме да почнеме од сведокот, рече Рускосвка без да споменува имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.