Со 62 гласа „за“ и 12 „против“, пратениците го избраа независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието на местото на Весел Мемеди.

Рамчиловиќ на свое име во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство.

На свое име пријавил и земјиште од 1.410 квадратни метри  во Долно Кољари, а земјиште во истото место пријавил и на име на родителите.

Според она што стои во анкетниот лист, тој вози голф 5, пријавил и оружје, ловечка пушка и пиштол. Има и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го врати до 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.