Министерката за правда Рената Дескоска очекува дека Унгарија како земја-членка на Европската унија при носењето на одлука за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски ќе се води по европските стандарди и конвенции.
Наше право е да побараме екстрадиција и според меѓународните важечки документи имаме право и да добиеме екстрадиција. Право на унгарските власти е да одлучат на начин кој сметаат дека треба да одлучат, но јас очекувам Влада, која е земја-членка на Европската унија, при носењето на одлуки да се води по европските стандарди и конвенции, особено Европската конвенција за екстрадиција којашто сме ја потпишале и ратификувале и ние и Унгарија, изјави Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред денешната дебата за Предлог-законот за судови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.