Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните на Општина Боговиње истакна дека не би биле мисионери, ако на нивни рамења не би унапредиле нови генерации, па затоа секое Изборно Собрание кое што е одржано од ДУИ има влијаено врз аторитетот на гласачите и граѓаните.

Токму денес, датумот 12 април 2020 година го гледам како голема победа на Демократската Унија за Интеграција. Со една ваква унија, нема сила што може да не победи, бидејќи како прво имаме воспоставена мисија, идеали, а сега и функции. Нема функсија без мисија, нема можности да се постигне целта ако ги губиш идеалите. Ние сме Унија на идеалите, на мисите, и мисите треба да одат напред. Не само затоа што ова е наше семејство, но кажете ми една партија или движење која има придонесено во ова земја повеќе од нашето семејство. Се се поврзува со нашето семејство, од азбуката до Универзитетот, од правичното застапување до националните симболи, сите се капитални инвестиции кои ќе се користат од Албанците, и истите се безсмртни, сите тие ги создаде нашето големо семејство Демократската Унија за Интеграција како продолжение на Ослободителната Народна Армија, рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Ахмети додаде дека недобивањето на датумот за започнување на преговорите за членство во Европската Унија е осудено од самите авторитети од Брисел нарекувајќи го ова како голема грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.