Во Психијатриската болница во Демир Хисар има 19 лица со ковид-19, при што едно веќе починало. Случаите се откриени со тестирање на 58 од вкупно 296 пациенти колку што има вкупно во оваа институција.

Како што изјави директорката на оваа болница Татјана Лозановска за Телма, случаите се во три одделение – 16 во едно и и два односно еден случај уште две други одделениа.

Најголем број од пациентите се над 55 годишна возраст, а еден има 27 години.

Според Министерството за здравство, во Градската болница „8 Септември“ починал еден пациент од Психијатрсиката болница во Демир Хисар кој бил на 73-годишна возраст и тој е регистриран во редовната статистика од 3 август.

Вчера во оваа болница биле земени уште 29 брисеви за тестирање на пациенти во одделението каде има двајца позитивни на коронавирус, а земен е брис и на вработен во одделението.

Од болницата информираат дека освен пациенти има и вработени кои се позитивни на ковид – една медицинска сестра и еден физички работник.

Од Министерството за здравство велат дека оваа институција уште од самиот почеток на пандемијата има протокол за прием на пациенти кој освен мерење телесна температура и епидемиолошка анкета, пациентот мора да помине 14 дена во изолација во посебен објект во установата наменет само за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.