Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека ќе предложи зајакнување на мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, но не прецизираше дали тоа значи воведување на карантин во одредени места, или, пак зголемување на траењето на полицискиот час.

-Утре ќе имаме дополнителна дискусија на Комисијата за заразни болести и можно е до Владата да предложиме зајакнување на мерките за превенција од ширење на Ковид 19, бидејќи бројот на заболени во наредниве денови ќе расте, се уште стојат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на април со очекувани 2000 пациенти, но многу фактори влијаат врз овие предвидувања. Апелирам до граѓаните физичките контакти да ги сведат на минимум и да ги почитуваат мерките за заштита оти има многу асимптоматски носители, па затоа е најдобро да се седи дома, рече Филипче

Тој дополни дека освен починатиот пациент од Инфективна клиник од Лабуништа, починал уште еден пациент од Куманово, но во болнициата „8 Септември“, кој бил позитивен на коронавирусот на први април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.