Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани двајца пациенти заболени од Ковид-19, а еден пациент како оздравен е пуштен дома. Вкупно 51 лице се лекува на инфективните одделенија во Скопје, а 75 во болниците во другите градови, повеќето од пациентите се на кислородна поддршка

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат седум пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип -10 пациенти, на инфективното одделение во Тетово – 5 пациенти, во Велес – 7 болни, во Куманово 14 пациенти, во ковид центарот во Охрид – 5 пациенти, во Прилеп – 3, во Гостивар – 7, а во Струга 5 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.