Како што информира Министерството за здравство, во изминатото деноночие во Македонија починале двајца пациенти болни од Ковид-19.

Станува збор за двајца пациенти од Куманово на 64 и на 72-годишна возраст.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест деца позитивни на вирусот, како и две мајки и две деца суспектни на вирусот.

На Инфективната клиника, пак, во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.