Деновиве треба да падне одлуката за тоа кој ќе биде назначен за технички премиер, вели во интервју за „Слободен печат“ премиерот во заминување, Зоран Заев.

Тој напоменува дека за тоа одлучува Централниот одбор на партијата, но логиката ги тера да бидат прагматични за Владата да можела да работи во полн капацитет и за да не застанат во прогресот што го има во економијата.

Како и да е, логиката води кон двајцата досегашни министри кои веќе нема да бидат министри, а тоа се Оливер Спасовски и Мила Царовска, дискусијата води кон тоа. Следната недела ќе ја донесеме конечната одлука – вели за „Слободен печат“ премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.