Судијата Владимир Панчевски преку својот Фејсбук „Фејсбук“ денеска информираше дека поднел кривични пријави против двајца членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска-Дојчиновска.

Кривичните пријави, како што објаснува тој, се зашто на прес-конференција објавиле дека по допрен глас отвораат предмет за него.

Двајца членови на Антикорупциска – претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска на самиот старт од нивната работа, поради својот не етички и непрофесионален однос, кршејки го законот по кој вршат дискрециони права, заработија кривична пријава! Нека ви е наздравје прес-конференцијата, да свикувате уште многу нови прес-конференции, пишува Панчевски на Фејбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.