Веќе два месеца вработените во СЈО не добиваат плата. Институцијата не ги плаќа ни даноците, а во последно време од ангажман е отстранета и компанијата која беше договорена за да ја одржува.

Наспроти овие 90 лица кои останаа без месечните плати, околу 20 истражители кои се ангажирани од СЈО плата земаат од Министерството за внатрешни работи. Поради притворот на Катица Јанева, плаќањата во оваа институција не можат да се реализираат. Јанева нема ни заменик, бидејќи поранешните специјални обвинители се веќе распоредени низ редовните јавни обвинителства.

 

извор АлсатМ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.