Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција соопшти дека се уште немаат информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, добиле решение за домашна изолација. Најави дека ќе информираат во текот на денот доколку добијат некои информации.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Напиша дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и оти е веќе во домашна изолација.

По објавата на министерот Спасовски дека е позитивен на Ковид-19, се тестираа премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовск, кои преку „Фејсбук“ информираа дека нивните тестови се негативни на Ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.