Резултатите од оваа година на Индексот на перцепција на корупцијата покажуваат дека Македонија се вратила на ниво пред изборите и пред промената на власта во 2016 година. Според претседателката на Транспаренси интернешнел Слаѓана Тасева, ова треба сериозно да ги загрижи сите во државата.

Главна препорака на Транспаренси е да се контролира судирот на интереси и финасирањето на политиката.

Од земјите во регионот годинава подобри од Македонија се Босна и Херцеговина и Косово со 36 поени, Србија со 39 поени и Црна Гора со 45 поени, додека Албанија има 35 поени односно ист број како и претходно.

Први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментира извештајот на Транспаренси Интернешнел според кој Македонија се наоѓа на 106 место. На скалата од 0 до 100 поени ( 0 – најголем степен на корупција, а сто поени – најмалку корупција) има 35 поени, што е за два поена помалку во споредба со минатата година.

Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим, како што они викаа, постоеше криминал… Ама во 2015 година Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана. Денеска кога имаме слобода, нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Во 2015 година сме имале 42-44 индексни поен, сега имаме 35. Сме биле подобри од Бугарија, од Грција, да не зборуваме за Албанија, Босна, Косово. Сме биле подобри од Србија, од Хрватска. Денеска видете каде сме, го делиме високото 106. место. И што зборуваме ние сега. Каков прав пат? За какви правдини и закони?! Еден да излезеше да се одважеше и да речеше „јас како министер не успеав, си давам неодповиклива оставка“. Каде е тој систем на одговорност. Уште безобразно излегуваат, го гледаат народот во очи и го лажат. Каков прав пат, какви бакрачии, одиме директно во провалија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Корупција: Македонија и Албанија рангирани најлошо во регионот

Македонија на актуелната листа на Транспаренси Интернешнел е на 106 место. На скалата од 0 до 100 поени ( 0 – најголем степен на корупција, а сто поени – најмалку корупција) има 35 поени. Што е за два поена помалку во споредба со минатата година.

Од балканските земји годинава подобри од Македонија се Косово и Босна и Херцеговина со 36 поени, Србија е со 39 поени, а Црна Гора со 45 поени. Албанија, како и Макеонија, има 35 поени.

На ранг-листата што организацијата Транспаренси интернешнел ја прави секоја година, на врвот се Данска и Нов Зеланд со по 87 поени, а потоа следуваат Финска со 86 и Сингапур, Шведска и Швајцарија со 85.

Кај ниту една земја од регионот не е забележан толкав неуспех како кај Македонија

Црна Гора, на пример, во 2014 година била на 76-то место, а денес е на 66-то. Бугарија во 2019 година е на 74-то место, а лани била на 77-мо, додека во 2014 на 69-то.

Косово од лани има разлика од само 8 места. Имено, во 2019 Косово се наоѓа на 101-во, а лани било на 93-то.

Од 2014 до 2019 година, соседна Србија има разлика во позиционирањето на оваа листа од 13 места. Денес се наоѓа на 91-вото место на листата, лани била на 87-мо, а пред 5 години на 78-мо.

Босна и Херцеговина годинава го дели местото со Косово, односно се наоѓа на позиција 101, но ниту една од нив не забележува толку голем неуспех како ние.

Ако ги споредуваме само 2019 и претходната 2018 година, за перцепцијата за корупција во јавниот сектор, повторно доаѓаме до заклучокот дека со најголем неуспех се соочува токму нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.