КИРАЦОВСКИ ( КИКИ ) пред 3 дена беше повикан во ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО во Скопје!!!!!
Зошто КИРАЦОВСКИ го кријаат од јавноста за неговото РЕКЕТИРАЊЕ НА БИЗНИСМЕНИ ????
Дали КИРАЦОВСКИ ќе го искористи неговиот пратенички имунитет?????

Ова е тврдењето на Душан Илиевски сограѓанинот и сопартиец на доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Илиевски, кој е познат како Душко Млекарот, тврди дека Кирацовски, бил повикан во Јавното обвинителство за случајот Рекет.

Утрово пак Кирацовски излезе со став дека тој лично не знае кој е Кики за кој новинарот Бранко Героски пишуваше дека е поврзан со случајот Рекет.

Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам – напиша Кирацовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.