Слушнете внимателно, Столе Попов до Балчак… Нема аплауз, има морници! – напиша на Фејсбук, Игор Дурловски, по повод реакцијата на говорот на сценаристот и режисерот Столе Попов  при превземањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Попов во своето обраќање, кога го прими признанието, рече дека за македонскиот јазик не смее да се разговара, а камо ли да се преговара.

Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее. Една порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема – рече режисерот.

Додаде дека му е драго што наградата од Друштвото на филмските уметници на Македонија, како што вели, го задржала генеричкото име и уште еднаш порача дека за македонскиот јазик воопшто не смее да се разговара.

Мислам дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање – додаде Попов.

Забележително беше дека режисерот Попов не доби аплауз од присутната политика за овие моќни патриотски пораки во говорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.