Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и не затвараа , пробуваа да не избришат, и до ден денес уште не замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи не’.
Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.
Не можат да го чујат крикот на БУДНИТЕ и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови.
Основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА за својот живот а јас верувам во неговата мудрост.
Бидејќи сум свесен дека нема да биде лесно, знам дека е потребно да се фокусираме, а се додека во нашата агенда работите се поставени по логичниот редослед, по вистинското значење, се додека ЛОЈАЛНОСТА КОН МАКЕДОНИЈА ни е на прво место, убеден сум дека ИМЕТО, СЛОБОДАТА на праведните и патриотите, ПРАВДАТА за обесправените, подобар ЖИВОТ за потиснатите и измачени граѓани, економската преродба и БОРБАТА за унапредување во секое поле се прашања за кои ќе се бориме и ќе се ИЗБОРИМЕ, напиша Игор Дурловски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.