Игор Дурловски, носител на лисатата на кандидати за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во изборна единица 5 на вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа говореше за тоа какви пораки треба да им се пратат на граѓаните за претстојните избори на 12 април и за тоа дека не смее граѓаните да бидат манипулирани како што тоа го правеше власта во изминатите три години.

За мојот говорот кога се претставуваа носителите на листите на кандидати за пратеници, како и кандидатите за пратеници многу се размислував дали да го користам зборот вистина зошто овој збор го користеа некои луѓе во лош контекст. Но, сепак се одлучив, бидејќи вистината е клучна. Граѓаните во последните три години беа лажени, а на граѓаните им е доста од лаги. Им ветуваа нема да се смени името, нема да се менува Устав, ќе има правда. Се во овие последни три години беше спротивно, се смени името, се смени Уставот, не се почитуваше Уставот, а немаше ни правда овие три години“, рече Дурловски.

На гостувањето на телевизија Алфа, Дурловски посочи дека како носител на листа на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ги убеди граѓаните и да им говори за вистинската страна.

На листите има многу млади, квалитетни  и докажани луѓе, тоа е вистинскиот пат за Македонија, така ќе дојде обновата на Македонија“, рече Дурловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.