Глобалниот координатор на непартиското движење „Ние сме Македонија“, Ана Дукоска, иницира акција „Носиме надеж за Јана“ како дел од кампањата „Направи добрина, донирај надеж за Јана“.

Првенствено, немав намера да ја комерцијализирам маичката од мојата кампања, која лично си ја направив за себе и за неколкумина околу мене во знак на благодарност за сета поддршка што секојдневно и несебично ми ја даваат, читајќи за храброста на Jana Arsovska во нејзината битка со животот и со нејзина согласност, решив кампањата да ѝ ја посветам на Јана. Јана е симбол за борец, симбол за храброст и симбол за херој. А ние, можеби мала државичка на Балканот, но со големо срце, кое ќе и помогне да ја победи и оваа битка“, порача Дукоска преку својот профил на Фејсбук.

 

Со купување маичка и со објавување сопствена фотографија со неа, во акцијата се приклучија Игор Дурловски, Андријана Јаневска, Стојанче Стоилов, Маја Платнар, Нина Јанева, Иван Иванов…

Детали за учество во хуманитарната акцијата на линкот:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.