Оперските првенци Ана и Игор Дурловски и трите деца веќе се дел од лудилото на аеродромот, каде шти навивачите на Вардар организираат неевиден пречек на европскиот ракометен првак.

Ги чекаме на „Александар Македонски“ и одиме на плоштад „Македонија“, напиша Дурловски под фотографиите од атмосферата на аеродромот.

Иако бепе најавено дека ќе пристигнат во 18.50, ракометарите ќе доцнат и се очекува да бидат во Скопје во 20.30 часот, а потоа да се упатат на плоштадот „Македонија“, каде што ќе се одржи централната свеченост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.