Вето од ЕУ, блокада од Бугарија, негирање на македонскиот идентитет и јазик, укинување на предметот историја, пропаѓање на банка, влегувањето во рецесија, рекордери по починати и заразени од корона, терањето избори среде пандемија… Ова се најголемите „успеси“ на старо- новата влада за само 100 дена.

Според искуствата од независноста досега немало влада со полоши први сто дена, со толку скандали и неуспеси. Практично и да немаше ден без некоја афера во која главен актер беше Заев.

Во таква ситуација, на премиерот очајно му требаше анкета на која ќе се прикаже дека ужива поддршка од народот. Првиот избор за објавување на такво истражување логично е дека ќе биде Телма особено откако Макпетрол беше почестен со 33 милиони евра.

Но, дури и во една таква анкета Телма не може да го скрие фактот дека најголем дел од граѓаните го делат мислењето дека оваа влада нема никакви резултатит во првите месеци од владењето.

„На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата:  2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета на Телма и МЦМС. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5,  14,2 % првите 100 дена ги оцениле со  четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со – единица-се наведува во анектата на Телма“.

Овие бројки се резултат на политиката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој го доведе рејтингот на Владата да биде никогаш послаб. Затоа власта мораше да послегне  по црна кампања кон лидерот на опозицијата и самопромоција на медиуми кои веќе не се ни провладини туку може да се наречат владини .

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.