Во разговорот со руските пранкери Вован и Лексус, за кои тогашниот премиер Зоран Заев смета дека се еко-активистрака Грета Тунберг и нејзиниот татко, тој вели дека е подготвен да им даде работа на мигрантите. На фалбите од Тунберг дека бил голем лидер посветен на земјата, Заев вели дека дури и го сменил името.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата, обврзан кон иднината.

Зоран Заев: Фала Грета. Подоцна други го сменивме и името, официјалното име на земјата затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Македонија.

Грета Тунберг: би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје и да бидеме од корист за вас

Грета Тунберг: мислам дека Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрантите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Македонија.

Погледнете што сè друго зборуваше Заев со „Грета“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.