Огромен број од граѓаните сѐ уште не се политички определени, расте незадоволството од власта, од судството, од економската состојба во државата, расте невербата дека нешто може да се смени, а анкетираните граѓани сѐ почесто одбиваат да одговарат на прашањата од анкетарите, што се толкува како страв.

Ова се заклучоците и од последната анкета на Маркет вижн, која за потребите на МКД.мк беше спроведена од 9 до 17 октомври.

Во однос на присуството на криминалот и корупцијата кај највисоките нивоа од државната власт, граѓаните на Македонија се едногласни – 86,2 отсто од анкетираните граѓани одговориле со „да“, а 9,9% со „не“.


Целата анкета на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.