Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, ги отфрли како ноторна невистина исказите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, дека Јовановски не барал средба со него за да сподели доверливи информации.

Јовески за „Алсат“ рече дека Јовановски досега му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.

Ноторна невистина е искажана од страна на јавниот обвинител на РС Македонија дека таква средба не била побарана. Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа. А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството, се вели во соопштението од Дуковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.