Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во негова одбрана истакна дека обвинението не може да биде докажано и оти се само индиции. Според него, како судот ќе докаже дека обвинетиот земал пари од Ана Камчева кога тој во тоа време бил во болница.

За снимката пак која го обиколи светот, Дуковски рече дека на неа се гледаат некакви пари и како двајца излегуваат од куќата. Од Боки 13 се одземени 71 вреќа гардероба за која Обвинителката вели дека потекнуваат во периодот ноември 2018-2019 година. Во текот на процесот ние ќе докажеме дека таа е од 2013 година-објасни адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.