Невладината организација Меѓународен сојуз не е One Man Band, таму има многу други лица кои исто така даваа исказ деновиве, вели за емисијата „Код“ адвокатот Сашо Дуковски, кој го застапува првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски Боки 13 во интервју вели дека

Не може да одговара Меѓународниот Сојуз, туку лицата, меѓу кои е Бојан Јовановски, но и најмалку уште десетина други особи за кои што не видов дека се води истрага за нив и нешто не видов дека некој ги призива за некаква си одговорност, рече Дуковски.

Адвокатот на Боки 13 се прашува како сите блиски соработници политичари сега се прават дека не го познаваат, бидејќи сакаат целата вина да ја префрлат на Боки 13.

Никој сега не се познава со Бојан Јовановски. Изгледа дека тој е некој вонземјанин кој дошол од вселената и одеднаш формира тоа што го формира. Формира Телевизија пошто е вака способен, формира невладина организација, сето тоа функционира, пари фрчат од сите страни и сето тоа сам го прави и никој нема во негова помош, никој не учествува во тоа. Така барем сака да се презентира. И сега никој него не го познава, вели Дуковски.

Тој додава дека лица се уплашени за својата иднина, да не бидат делови од некаква си постапка, па одбиваат дека имаат било каков контакт со Бојан Јовановски, што е ноторна лага и брутална глупост.

Адвокатот Дуковски по однос на изјавата на премиерот Заев дека контактирал со адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска дека е логично да биде во домашен притвор, вели дека тој не разговарал со Заев и нема потреба да разговара со адвокатите.

Не гледам причина зошто би ми се јавил. Он е претставник на извршната власт, а овде станува збор за судска постапка. За мене тој потез е невообичаен. Имаме работа со прилично моќни луѓе, луѓе од светот на политиката и високиот бизнис во Република Македонија, кои што се научени да пливаат многу лесно и многу успешно во целиот овој транзициски период. Очекувам и скоро сум сигурен дека ќе се обидат сите да ја стават , евентуалната вина на Бојан Јовановски, се со цел да се тргне било каква одговорност од нив, подвлече Дуковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.