Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски предновинарите ја покажа дијагнозата на неговиот клиент, која е издадена пред два дена од ГОБ- 8ми септември и која потврдува дека тој има рак на желудникот.

Утврден е карцином на желудникот. Ова докажува во каква состојба се наоѓа Боки. Тој постојано повраќа крв и не може да го следи судењето, вели Дуковски.

Адвокатот додаде дека ќе побара мерка ефективен притвор.

Ова е тортура врз Јовановски и ние тоа нема да го дозволиме во иднина, посочи Дуковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.