Под вакви околности нема да се даде исказ, рече адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, веднаш по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Дуковски потврди дека Боки не дал исказ, но дека тоа не значи дека се бранат со молечење, туку дека се уште не им биле презентирани доказите.

Денеска за првпат од донесувањето на наредба за спроведување на истрага и притворањето на Јовановски, тој денес за прв пат е викнат да даде исказ во јавното обвинителството. Не е во ред кога вие немате поима какви докази има против вас да ви се дава известие за завршена истрага. Истиот ден се бара да се даде изјава од осомничен за основните сомневања и доказите против него. Во Стразбург, од прв ден треба осомничениот да биде известен за сомневањата. Ние не се браниме со молчење, ниту ќе се браниме. Ќе дадеме исказ, вели Дуковски, адвокат на Боки 13.

Како што вели Дуковски, обвинителката задолжена за „Рекет“, Вилма Русковска ќе треба да им ги презентира доказите против осомничениот од среда. Дуковски вели дека не знае дали ќе има обвинение против Боки 13.

Во овие 15 дена ние ќе треба да ги гледаме доказите, па ќе дадеме исказ. Не гледаме на кристална кугла за да знаеме какви докази има. Од среда во 12 часот па наредните денови ќе вршиме увид па ќе дадеме исказ. Завршена истрага значи завршена истрага. Не знам дали значи дека ќе се поднесе обвинение, додава Дуковски.

Дуковски тврди дека Боки 13 е со влошено здравје, а неговата состојба е животно загрозувачка.

Има една ситуација за неговата здравствена состојба која никого не го интересира. Ќе видиме што ќе се случува. Незаконски е завршена постапката. Боки 13 нонстоп повраќа. Нека се смеат владетелите на правото дека е труден. Го носат во амбуланта му даваат раствор, обична терапија. Неговата состојба е животно загрозуваќка. Ако немате функција на желудникот, тогаш е, смета Дуковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.