Бојан Јовановски во притвор постојано повраќа и паѓа, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го денеска пред јавноста откри дека неговиот клиент е во живото-загрозувачка состојба, поради операциите кои ги направил пред да биде притворен за „Рекет“.

Тоа е операционен зафат кој јас лично го осудувам, од наводно естетска природа, за намалување на неговиот желудник. Но, после тоа имаше две неуспешни операции на подврзување на тенкото црево во тој желудник. Нон-стоп повраќа. Нека се смеат владителите на правото кога велат дека можеби е труден, рече Дуковски.

Прашан за тоа кој се смеел, на кои владетели на правото мисли, Дуковски рече дека тоа го кажал со сарказам.

Ние сме позната нација каде секој секому се сити за определена ситуација. Отворете „Фејсбук“, секој втор пост на луѓето што кои го мразат прашуваат да не е труден, рече Дуковски.

Дуковски додаде дека Јовановски не може да јаде, зошто нон-стоп повраќа и паѓа, а кога го носат во амбуланта му даваат обична инфузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.