„ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности.
Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.
Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.
Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата.
Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра.
Кого го бива за сѐ го бива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.