Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.

Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО- ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата – се вели во соопштението на ДУИ.

Од партијата додаваат дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евроамерикански дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со САД и Европската Унија.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвини СДСМ И ДУИ дека во Собранието демонстрирале сила и предизвикале инцидент за, како што велат, да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.