Демократската унија за интеграција во Собранието го достави Предлог законот за ветинг, преку кој се бара прочистување на лицата кои се носители на јавни функции, а не само во судството како што е во Албанија, туку Законот да биде сеопфатен за кандидати кои имаат државни и јавни функции. ВМРО ДПМНЕ овој предлог на ДУИ на десет дена пред распуштање на Собранието го нарече несериозен пристап.

Алијанса за Албанците велат дека ќе поддржат секаква иницијатива за ветинг, но сметаат дека е смешно тоа што овој предлог доаѓа од ДУИ, објави Алсат.

Беса смета дека ДУИ немаат морално право за излегуваат со таков предлог, затоа, според нив, вистинскиот ветинг ќе го направат граѓаните на изборите на 12 април.

Од Алтернатива велат дека поради тоа што Предлог законот е доставен пред еден ден, не стигнал пред пратениците, па затоа не можат да се изјаснат. Ни од СДСМ не коментираа дали ќе го поддржат овој предлог. Со овој Предлог закон се предвидува да се формира Агенција која ќе ги контролира сите актуелни носители на јавни функции, но и сите тие што ќе се кандидираат за јавни функции во иднина. Како носители на јавни функции се спомнуваат:

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ВЕТИНГ, ЧЛЕН 14;

Претседател на Македонија

Пратениците во Собранието на Македонија

Градоначалници и градоначалникот на Град Скопје

Градоначалникот и членовите на советите на општините и на Град Скопје

Именувани и избрани функционери од Собранието на Македонија

Народниот правобранител и неговите заменици

Функционери кои раководат со независни органи (управи, агенции, комитети и сл.)

Со овој Закон и контрола на достоинството и интегритетот на носителите и кандидатите за јавни функции се има за цел да се спречи корупцијата, криминалот, злоупотребата на должноста и да се зачува репутацијата на институцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.