Огранокот на ДУИ во Охрид и советникот Нефи Усеини, кој го предводи, преку социјалните мрежи изразија јавно негодување од начинот на кој се одвива акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид.

Тие сметаат дека таа е селективна и дека наместо објектите кои се закана по статусот на Охрид во УНЕСКО се уриваат куќи и џамии.

За утре закажаа протест што ќе се одржи пред зградата на општината .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.