Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.

Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција, велат за Коха од ДУИ.

„Kоха“ јавува и дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.