Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа од Движењето Беса во „Програмата 200“ во Алсат рече дека ДУИ секојдневно се обидува со најниските средства да ги превземе пратениците на Беса.

Тој рече дека е убеден оти тројцата пратеници на Движењето Беса се единствени во одлуката за рушење на оваа влада и дека во четврток тоа ќе биде неспорно.

Тој додаде дека ако не се урне оваа влада, тие немаат место во таа влада и ќе одат во опозиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.