Пратеничката група на ДУИ е послаба за еден пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Исмаил Јахоски кој беше кандидиран на листата на ДУИ во изборната единица 5 веќе не е пратеник на партијата на Али Ахмети туку стана независен пратеник.

Јахоски не фигурира на листата на пратеници од редовите на ДУИ туку под графата независни пратеници.

Исмаил Јахоски е познат на јавноста како еден од најбогатите македонски политичари.

Тој во повеќе наврати беше градоначалник на општина Пласница а е сопственик на компанијата „Пуцко петрол“ која се споменуваше во низа милионски тендери за набавка на нафта од државни и локални институции.

Во моментов, пратеничката група на ДУИ брои 9 пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.