ДУИ не знаеле дека пред Венецијанската комисија ќе биде испратен целиот Закон за употреба на јазиците, туку очекувале да бидат испратени само делови од законот, откри пратеникот од партијата Артан Груби во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Тој, исто така, сакаше да напомене дека пракса на Венецијанската комисија е да се носат законите пред да бидат усвоени, а не откако ќе бидат донесени.

Во владата договорот беше за три точки, парите, хартиите од вредност и униформите, тоа е член 8 параграф 1 или 2 ако не се лажам, кој што се тргна од предлог законот кој што се усвои во влада и после дојде во Собрание. Не сме согласни целиот закон да се разгледува од Венецијанската комисија затоа што законот всушност одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел. И затоа што се виде дека целото општество доби од усвојувањето на законот, рече Груби.

Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска, пак, вели дека тие знаеле дека договорот бил од самиот почеток целиот закон да биде испратен пред комисијата.

Се договоривме ќе го донесеме и законот ќе биде даден пред Венецијанската комисија за да може да добиеме експертско мислење што во тој закон сметаат дали нешто не е во ред или сметаат дека вака е во ред. Па ние се консултираме со Венецијанска комисија за се што значи, за законот за судии, дури имаме и цели одредби од Венецијанската комисија кои станале одредби од законот. Така да не гледам никаков проблем зошто Венецијанската комисија не би дала мислење по овој закон, оцени Мираковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.