Од партијата на Али Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле европската иднина на државата и меѓу избори напролет или одложени избори, интегративците ја избираат втората опција, дознава Слободен печат.

Според интегративците, треба да се почека ратификацијата на Протоколот за членлството во НАТО во парламентот на Шпанија, а потоа и во македонското Собрание.

Пред да одиме на избори, нашата земја треба да има знаме и да биде 30-та земја членка рамноправна со другите, велат во ДУИ.

Од оваа партија сметаат и дека изборите на 12 април би го загрозиле и евентуалното добивање датум за преговори со Европската Унија на Самитот во Загреб во мај, догодина.

Ако Изборниот закон вели распуштање на парламентот 60 дена пред избори, тогаш од 11 февруари Македонија ќе остане без парламент. Ќе нема пратеници кои би гласале за евентуалните нови услови, закони или одлуки, кои може да се очекуваат со новата методологија на Франција во Стратегија за реформи во ЕУ по новата година, велат во партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.