Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани на денешната прес -конференција ги изброи проектите што се составен дел на оваа програма и изјави дека таа е составена во соработка со граѓанскиот сектор и граѓаните.

Според Хасани, платформата е објективен одраз на потребите на граѓаните кои очекуваат промена. Во неа се предвидувени проекти кои ќе бидат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и кои во фокусот го имаат квалитетниот живот, развојот на инфраструктурата, квалитетното образование, создавањето чиста животна средина и безбедно место за сите.

Инаку, денеска во Гостивар ДУИ ќе одржи изборен собир на кој ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и општински советници.

Заедно со Невзат Бејта како кандидат, по 17 октомври ќе го започнеме заедничкиот пат за чист град, безбеден за жителите и нивните деца, за модерна јавна инфраструктура, спорт, рекреативни капацитети и квалитетно образование. Време е да станеме на нозе за Гостивар, да се стави крај на хаосот, да се ослободи градот од кучињата скитници, да се претвори депонијата Русино во безбедна и уредна депонија и да се отстранат казината подалеку од центарот на градот. Главните цели на Демократската унија за интеграција за Гостивар се: повеќе зеленило и изградба на неразвиениот дел од паркот, нови патеки за трчање и возење велосипед, чистење на градот од отпад и нечистотијата, фокус на регулирање на депонијата Русино според сите еколошки стандарди, изградба на посебен и модерен центар за сместување и третман на кучиња скитници и ќе ги преместиме казината и игрите на среќа од нашите населби, изјави Хасани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.